top of page

За мене

   2001 година..... Семејството Николоски доби прва радост, мало невино тело со пискав детски плач, во градот херој ,во житницата Пелагонија, Прилеп.

     2004 година..... Детство исполнето со забава, игра и многу смеа во градинката „Наша иднина“.

    2007 година...... Прв училишен час, радосно прваче во ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“ каде ги потполнувам моите први лисја од книгата на мојот живот. После деветгодишно надоградување и стекнување нови вештини дојде време да се избира каде понатаму.

     2016 година..... Љубовта кон економијата ме однесе пред вратите на економското училиште „Кузман Јосифоски - Питу“. Одлука за која никогаш нема да се покорам себе си.

    Јас сум Марија Николоска, ученичка во четврта година, профил: економски техничар. Воспитана личност, одлична ученичка, којашто работи ,се труди и го дава својот максимум.

 

       Економија ..... тоа е она што ме прави среќна и исполнета.

      Студент на економскиот факултет ,Прилеп. Пловејќи, се повеќе и повеќе низ водите на економската наука.

       „Успешна жена претприемач“

Ги затворам очите,будна сонувам....,мојот сон е реалност..... Јас во канцеларија управувајќи со „мојата“ сопствена компанија, уживајќи во плодовите стекнати со голем напор и упорнос ....

Мојот сон ќе стане реалност.......

download (1).png

Хоби

  • Читање книги

  • Гледање филмови

  • Пливање

  • Прошетки во природа

Вештини 

  • Microsoft Office

  • Open Office

  • Photoshop

  • Android Studio

  • Gimp

  • Corel

  • C++

Јазици 

  • Македонски

  • Англиски

  • Германски 

Карактериситики

  • Амбициозна

  • Решителна

  • Храбра

  • Лидерски способности

  • Упорна

  • Лојална

  • Одговорна

  • Трудољубива

  • Креативна

bottom of page